Падна првата оставка по неуспешните бараж дуели за СП

15853

Бараж натпреварите за дел од селекциите кои ги гледаме редовно на големите натпреварувања завршија кобно. На Светското првенство 2025 година кое ќе се одржи во Хрватска, Данска и Норвешка, билет не успеаја да заверат Црна Гора и Србија.

Црногорците не успеаја да се справат со селекцијата на Италија, и на домашен терен беа совладани со 32-34. По оваа средба оставка си поднесе селекторот на Црна Гора, Владо Шола.

Србија пак имаше пеколна задача, за противник ја имаше селекцијата на Шпанија, на домашен терен победи, но со три гола разлика (25-22), тоа не беше доволно за сензација.

Место на СП преку бараж мечевите обезбедија: Унгарија, Италија, Холандија, Чешка, Шпанија, Словенија, Португалија, Исланд, Полска и Австрија.

Од претходно мундијалски визи имаа и Алжир, Египет, Гвинеа, Тунис и Зеленортските острови од Африка, Катар, Јапонија, Кувајт и Бахраин од Азија. Од Јужна Америка доаѓаат Бразил, Аргентина и Чиле, а во наредните денови ќе бидат познати победниците во квалификациите на северноамериканскиот континент.

Ждрепката за групната фаза од СП 2025 ќе се одржи на 29 мај.

ПретходноШампионскиот пехар во рацете на пионерите на РК Алкалоид!
СледноЊукасл му ја затвори вратата на Арсенал