Кошаркарите на Црвена Звезда и Партизан одиграа интересен прв натпревар од финалето на Аба лигата со резултат 85:82, во корист на Црвена Звезда. Во натпреварот кој беше одигран во Белградската Арена можевме да видиме одлична кошарка и многу искри на теренот помеѓу вечните ривали. По овој меч Звезда има предност со 1:0 во серијата.
Најмногу поени за Црвена Звезда на овој натпревар имаше Матеус Јаго со 18 поени, додека пак кај Партизан најефикасен беше Нанели со постигнати 27 поени. Вториот натпревар од оваа финална серија ќе се одигра во Среда каде Црвена Звезда повторно ќе ја има улогата на домаќин.