Јошко Миленкоски го продолжи договорот со ПАОК на уште една сезона

219

Најтрофејниот македонски одбојкарски стратег, Јошко Миленкоски, и следната сезона ќе биде на клупата на грчки ПАОК. Миленкоски кој во последните две сезони ги запиша најголемите успеси на ПАОК во неговата клупска историја, е прв избор на клупското раководство, кое му го продолжи договорор на уште една сезона.

„Разговаравме со управата, тие се задоволни од работата и историските резултати за клубот кои ги постигнавме во минатите две години и решивме дека најдобро е да продолжиме по овој пат. Останувам во Солун и следната сезона. Еве уште сега почнавме да го подготвуваме ростерот за новата сезона, тука сум во Солун неколку дена, треба да договориме некои детали околу изгледот на тимот и подготовките кои не очекуваат, па се враќам во Македонија за првите мечеви на нашата репрезентација во Европската Златна лига“, ни рече Миленкоски.

Човекот кој минатото лето ја однесе Македонија до осминафиналето на Европското првенство, на навивачите на ПАОК за првпат во историјата им го донесе Суперкупот на Грција, а година претходно го освои и грчкиот куп.

ПретходноГвардиола пред мечот со Тотенхем: Ако не победиме, Арсенал ќе биде шампион
СледноЖиру го потврди заминувањето од Милан, следна дестинација МЛС