Њукасл му ја затвори вратата на Арсенал

743

Арсенал навистина сака на лето да доведе квалитетен напаѓач, а еден од играчите кои се на мета во преодниот рок е Александар Исак.

Овој фудбалер е член на Њукасл и според сите проценки така ќе остане и следната сезона.

Вредноста на Исак е огромна, според податоците на сајтот „Трансфермаркт“ неговата вредност е 70 милиони евра, а има договор до 2028 година и јасно е дека ќе биде исклучително тешко некој да го одземе од Њукасл.

Сезонава дури 24 гола блеска на речиси секој натпревар, во просек постигнува гол на секои 114 минути во сите натпреварувања.

“Нема да ги продаваме нашите најдобри играчи. За нас е многу важно, ако ги продадеме, тогаш одиме наназад. Тогаш мора да почнеме од почеток”, изјави Еди Хау, тренерот на Њукасл.

И се чини дека е во право…

ПретходноПадна првата оставка по неуспешните бараж дуели за СП
СледноЦрвена Звезда има бисер, а Македонија феномен – Лука Трпески!