Прекината најдолгата серија – шампионката изгуби после 145 победи по ред!

186

Холанѓанката Диеде де Грот, освојувач на 21 Гренд слем титули во поединечна конкуренција и двојна освојувачка на златни медали на Параолимписките игри во Токио го доживеа првиот пораз по 145 едноподруго победи.
Тенисерката која се натпреварува во инвалидска количка беше неприкосновена во последните три години и направи неверојатна серија од 145 победи по ред, а со тоа го освои сите Гренд слем турниро на кои настапуваше во 2021, 2022 и 2023 година како и триумф на Австралија опен оваа година.
На екипното Светско првенство таа е поразена од Шаои Ли од Кина со резултат 6:3 и 6:2. По нејзиниот пораз Холандија изгуби од Кина со 2-0.
Инаку Холанѓанката претходно во Мадрид е наградена со Лауреус за најдобра спортистка со инвалидитет.

ПретходноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Меритон Гега (Струга ТЛ)
СледноПознат распоредот за натпреварите од ракометниот Куп, билетите по 200 денари