Словенецот Винчиќ ќе го суди финалето во ЛШ меѓу Реал и Борусија (Д)

223

Словенецот Славко Винчиќ ќе го суди финалето на годинешното издание на Лигата на шампионите на УЕФА меѓу Борусија Дортмунд и Реал Мадрид, што ќе се одигра на стадионот „Вембли“ во Лондон на 1 јуни. Натпреварот ќе започне во 21:00 часот по средноевропско време.

44-годишниот Винчиќ, кој е меѓународен судија од 2010 година, ќе го суди своето второ финале во клупско натпреварување под капата на УЕФА по неговото назначување за судија на финалето на УЕФА Лигата на  Европа во 2022 година меѓу Ајнтрахт Франкфурт и Ренџерс.

Тој водеше седум натпревари од Лигата на шампионите оваа сезона, вклучувајќи го и четвртфиналниот реванш меч меѓу Дортмунд и Атлетико од Мадрид.

На Винчиќ ќе му помагаат сонародниците Томаж Кланчник и Андраж Ковачиќ. Четвртиот судија Франсоа Летисие е од Франција.

ПретходноВака се почитуваат легендите: 30.000 навивачи на Атлетик (Б) платија карти за да се збогуваат со Муниаин (ВИДЕО)
СледноДвапати во три години: Манчестер Ј. поради лошата сезона ја откажа традиционалната вечера