ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Меритон Гега (Струга ТЛ)

324

По тоа 30.коло Струга ТЛ беше во загубена позиција во поглед на битката за титулата, и тогаш маестрален потег на раководството. Се раздели со Шпети Дуро и за негов наследник го назначи Меритон Гега, кој му беше асистент на тренерот од Албанија.

И Гега знаеше што треба, ја подигна екипата, прво го победи Гостивар а вчера и Шкендија и заедно со своите момци ја освои титулата и тоа среде Тетово.

Токму затоа Гега е тренер на колото според “СпортСпорт“.

Нормално верував во победа, верував во тимот, во играчите кои се најзаслужни за оваа победа. Тие беа перфектни, одиграа маестрално. Видете оваа титула не е само моја заслуга како тренер, треба да се знае дека Шпетим Дуро беше тука со нас до пред некој ден. Сакам да и се заблагодарам на домашната публика за аплаузите до нас по завршување на мечот“ рече покрај другото Гега.

ПретходноТИМ И ИГРАЧ НА 32.КОЛО: Маестро Бесарт Ибраими
СледноПрекината најдолгата серија – шампионката изгуби после 145 победи по ред!