Велес домаќин на женското финале во Купот на Македонија

54

Женските фудбалски тимови на Каменица Саса и Љуботен ќе ги вкрстат копјата во финалната пресметка и борбата за трофејот во рамките на Купот на Македонија.

Дуелот од финалето на Купот на Македонија во женска конкуренција на програмата е утре, 14. април, со почеток во 16. часот.

Финалниот натпревар ќе биде одигран на градскиот стадион во Велес.

Двете екипи и во минатата сезона играа во финалето на најмосовното натпреварување во Македонија, а триумфираше екипата на Љуботен.

Каменица Саса и Љуботен во досегашната историја го имаат по еднаш освоено трофејот во Купот на Македонија.

ПретходноЕрхан Селими назначен за селектор на репрезентацијата до 17 години
СледноЕнрике за иднината на Мбапе: Денес врне дожд, сакам дожд, надвор мириса поинаку…