Кавадарци на нозе: Армија од 5.000 фанови ќе дојдат на Арената во Скопје да го бодрат Тиквеш!

11094

Во среда на 22 мај се игра финалето на Купот на Македонија. Денеска со ждрепка беше одлучено Тиквеш да биде домаќин а Воска гостин, исто така им беше кажано на претставниците на двата клуба дека и Тиквеш и Воска ќе тренираат во втоник по еден час на Арената “Тодор Проески“ каде што и ќе се игра големото финале со почеток од 19 часот.

Што се однесува до Тиквеш, како што велат нашите информации, во градот владее вистинска еуфорија, да не кажеме вистинско фудбалско “лудило“. Нема кавадарчанец кој не сака да дојде во Скопје и да го бодри својот Тиквеш. Познато е дека ова за Тиквеш, како и за Воска, ќе биде прво финале, значи историско. Па така кој ќе победи ќе игра и во Европа.

Токму затоа се најавува армија од 5.000 кавадарчани кои ќе дојдат на Арената да го бодрат својот Тиквеш а потоа заедно со пехарот големиот и историски успех да го прослават заеднички со момците на стратегот Ѓорѓи Мојсов.

ПретходноЧави: Противникот нѐ изненади!
СледноИ КК Пелистер со свое соопштение!