Мбапе испрати порака до првиот човек на ПСЖ по жестоката расправија

1547

Килијан Мбапе имаше жестока кавга со претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи во неделата вечерта пред натпреварот против Тулуз, последниот првенствен натпревар на ПСЖ на домашен терен и последниот за него на „Паркот на принцовите“. Наводно, катарскиот милијардер му замерил на Мбапе бидејќи Французинот не го спомнал во неговото проштално видео, кое пред натпреварот беше прикажано на големиот екран на стадионот во Париз.

Според „Le Parisien“, дошло до жестока расправија меѓу Мбапе и Ал-Келаифи, кои не зборуваат откако Мбапе објави дека ќе замине во Реал на крајот на сезоната. Дуото, според Le Parisien, се заклучило во соба од која се слушнало викање. „Ѕидовите се тресеа“, пишува француски весник.

Мбапе (25) дојде во ПСЖ во 2018 година за 180 милиони евра од Монако. Иако играше со Меси и Нејмар и постигна 256 и постави 108 гола за ПСЖ на 307 натпревари, тој не успеа да ја освои Лигата на шампионите. Тоа не му успеа ниту годинава, ПСЖ беше елиминиран во полуфиналето од Борусија Дортмунд. Веќе некое време е несреќен и сака да си замине. Претседателот на клубот го задржа пред две години со еден од најголемите договори во историјата на фудбалот.

Месечно заработува околу 6 милиони евра бруто (2,7 милиони нето), бонус од 180 милиони евра само за потпишување на договорот и дополнителни 70 милиони на крајот од секоја година од договорот, кој требаше да трае до три години. Но, му била понудена опцијата по две сезони да замине бесплатно и тој решил да ја искористи таа опција.

Ова го налути Ал-Келаифи, но и покрај оваа и жестоката вербална пресметка со него во неделата, тој синоќа реши да се раздели со него со изрази на благодарност и почит. На церемонијата на која беше прогласен за најдобар играч на сезоната во француската лига, тој рече:

“Им благодарам на сите луѓе во клубот и на претседателот. Ќе ми недостигаат. Но, заминувам со крената глава”. Иако одамна се знаеше кога и каде заминува Мбапе, тој одбива да го спомене Реал.

Вака одговори на новинарското прашање каде заминува на церемонијата:

„Се во свое време. Засега можам само да кажам дека заминувам од ПСЖ. Што се однесува до останатото, се уште не е време за тоа. Мојот татко сакаше да влезам во историјата на Лига 1 пред да заминам“. 

ПретходноЛука Дончиќ промаши за изедначување, па за малку ќе се степаше (ВИДЕО)
СледноКлоп: Не разбирам како Астон Вила израмни