Судија од Словенија ќе го суди финалето на ЛШ

319

УЕФА го објави главниот судија за финалето од Лигата на шампионите помеѓу Борусија Дортмунд и Реал Мадрид. Финалето му е доделено на словенечкиот судија Славко Винчиќ, а негови асистенти ќе бидат Томаж Кланчник и Андраж Ковачич.
Инаку Винчиќ го судеше финалето во Лига Европа во сезоната 2021/22 помеѓу Ајнтрахт и Ренџерс, а оваа сезона тој судеше пет натпревари во ЛШ и покажа 19 жолти картони.
Финалето на ЛШ ќе се игра на 1 јуни на „Вембли“ во Лондон.

Финалето во Лига Европа му е доделено на Истван Ковач од Романија.
Ребека Велш ќе го суди финалето во женската ЛШ помеѓу Барселона и Лион на „Сан Мамеш“ во Билбао на 25 мај.
Финалето во Купот на конференциите ќе го суди Артур Соареш Диас од Португалија.

ПретходноУјпешт објави разделба со Стефан Јевтовски
СледноПосле 19 години Американец е МВП на Евролигата