Чави: Противникот нѐ изненади!

1043

Тренерот на Барселона, Чави Хернандез беше воодушевен од победата над Реал Сосиедад од 2:0. Благодарение на трите освоени бода, Каталонците се вратија на второто место во поредокот во Ла Лига.

„Секогаш е тешко против овој противник. Реал Сосиедад не е тим кој ти дозволува да создаваш многу шанси против нив. Сепак, не очекувавме дека гостите ќе одат со пет играчи од средниот ред. Ова ни ја отежна задачата. Игравме добро и повторно сме на второто место по поразот од Џирона во последното коло“, изјави тренерот на Барса.

Барселона има 76 бода, еден повеќе од второпласираната Џирона, на четвртото место е Атлетико Мадрид со 70 бода.

ПретходноЕнрике за иднината на Мбапе: Денес врне дожд, сакам дожд, надвор мириса поинаку…
СледноКавадарци на нозе: Армија од 5.000 фанови ќе дојдат на Арената во Скопје да го бодрат Тиквеш!