Бараж натпреварите за пласман на Светското првенство 2025 година донесоа интересни битки и пресврти. Кога сме кај неверојатните резултати, на прво место е Македонија, зошто на домашен терен ја анулираше нагативата од седум гола, и веќе на реваншот во Скопје ги победи Фарски Острови со осум гола разлика и завери ново СП.
Кога сме кај фијаското тука на прво место е Црна Гора, на двата меча беше изненадувачки поразена од Италија. Добро е познато дека ИХФ чува вајлд карти за Мундијалот, а за истата официјално аплицираше Црна Гора.
Оваа информација ја потврди раководството на тамошната федерација која потенцира дека учеството на Мундијалот е од исклучителна важност за нивната земја.
Вајлд карта побара и Србија која имаше далеку потешка задача, за противник ја имаше селекцијата на Шпанија.