Повеќе од сигурно е дека Илија Несторовски нема да остане во Асколи иако сеуште има важечки договор со овој клуб. Имено Асколи не се избори за опстанок во Серија Б, а тоа значи дека може да се оди без никакаква отштета.
Македонецот во Асколи дојде од Удинезе, во текот на сезоната имаше и повреда, па така не успеа да го спаси својот тим од испаѓање. Инаку покрај Удинезе и Асколи, Нестор во Италија играше и за Палермо.