„Никогаш не сум видел играч да го направи она што го направи Кејн во 80. минута во Мадрид“

4911

Хри Кејн минатото лето го напушти Тотенхем и за прв пат играше надвор од Англија. Тој реши да направи трансфер во голем клуб за конечно да го освои првиот трофеј во кариерата, но го снајде епски пех. Кејн постигна дури 44 гола на 45 натпревари и додаде 12 асистенции, но Баерн сепак ја одигра првата сезона по 12 години во која не освои ниту еден трофеј.

Поранешниот репрезентативец на Ливерпул и Германија, легендарниот Дитмар Хаман ја коментираше оваа ретко видена ситуација во која се најде Баерн и како за главен виновник го посочи Кејн.

„Дали би ни било полошо ако Метјус Тел играше наместо него? Дали има смисла да го имаме? Зарем не би било подобро за нас да останат 100 милиони евра во банка, а тој да остане во Англија?, праша Хаман и го истакнува фактот дека Кејн го напушти теренот во Мадрид пред крајот на натпреварот:

„Тој побара да биде заменет затоа што го боли грбот по 80 минути. Никогаш не сум видел играч да го направи тоа. Многу дресови беа продадени на негова сметка, тој беше ѕвездата на летото, а нема трофеј. Кога Халанд си заминуваше, сите мислеа дека Борусија ќе пропадне, а тие за малку ќе ја освоеја Бундеслигата, кога си замина Белингем, сите мислеа дека се завршени и тие се во финалето на Лигата на шампионите“. 

ПретходноКлоп: Не разбирам како Астон Вила израмни
СледноДоживеаја фијаско во баражот, сега бараат вајлд карта за Мундијалот на кој ќе игра Македонија