Пеп: Да беа пресудни парите, Јунајтед требаше да ги освои сите титули!

70

Манчесте Сити од 21 часот ќе игра против Тотенхем во 34. коло од Премиер-лигата. Сити моментално е втор со бод зад Арсенал и му треба победа за да скокне на првото место. Тотенхем е петти и најверојатно ќе остане на таа позиција, бидејќи Астон Вила моментално заостанува пет бода зад нив.

Тренерот на Сити, Пеп Гвардиола пред натпреварот зборуваше за медиумите за тоа дали доминацијата на Сити е здодевна и објасни дека парите не се единствената причина за успехот на Сити:

„Досадно е? Не, тешко е затоа што знаете што се случувало претходно? Тоа беа пари. Ако беа пари, Манчестер Јунајтед требаше да ги освои сите титули. Втор е Челзи, исто така сите титули. А додека трет е Арсена. Исто сите титули. Тие потрошија повеќе од нас во последните пет сезона. Тие требаше да бидат таму, но не успеаја“, рече Гвардиола.

ПретходноОбрадовиќ: Навредите? Навикнат сум на тоа, нивно право!
Следно„Ас“ тврди дека Лука Модриќ веќе нема дилеми за својата иднина