Она што се најавуваше и се оствари. Семејството на Михаел Шумахер заработи 4,41 милиони долари од продажбата на осум часовници и тоа на на аукција во Женева.
Познато е дека веќе деценија и повеќе некогашниот ас во Формула 1 не е виден во јавноста по онаа несреќа на скијање по што Шумахер целосно е неподвижен.
Интересно е тоа што купецот или купците на овие часовници кои некогаш беа во сопственост на Шумахер, не се познати на јавноста.