Вечерва на “Сантијаго Бернабеу“ беше славеничко. Прво фудбалерите на Алавес со шпалир го поздравија новиот шампион а потоа беше на ред да се покаже пехарот пред фановите на “кралевите“.
Инаку Реал Мадрид успеа со 5:0 да го победи Алавес. Убав меч за гледање, многу голови, имаа гостите свои шанси, но сепак Куртоа беше секогаш на место.
Серијата на голови ја отвори Белингам во 10.минута, потоа стрелаше Винициус за 2:0. Во 45+1.минута Валверде зголеми на 3:0 и со тој резултат се замина на пауза.
Винициус со својот втор гол зголеми на 4:0 во 70.минута за да Ѓулер во 81.минута ги постави конечните 5:0.