Како што денеска наголемо се шпекулира, Фудбалскиот сојуз на Алжир, на една од најфудбалските земји во Африка, има намера да се пресели во Азијската зона, односно во Фудбалската Конфедерација на Азија.
Ова доаѓа поради фактот дека раководните структури на фудбалот во таа земја воопшто не биле задоволни од односот на ФК на Африка па се распрашувале кај ФК на Азија како би се извела целата оваа операција.
И порано се случувале вакви “трансфери“ како на пример Казахстан кога се пресели од Азија во Европа, а лани имаше најави дека Русија ќе се сели во Азија.