УЕФА го објави главниот судија за финалето од Лигата на шампионите помеѓу Борусија Дортмунд и Реал Мадрид. Финалето му е доделено на словенечкиот судија Славко Винчиќ, а негови асистенти ќе бидат Томаж Кланчник и Андраж Ковачич.
Инаку Винчиќ го судеше финалето во Лига Европа во сезоната 2021/22 помеѓу Ајнтрахт и Ренџерс, а оваа сезона тој судеше пет натпревари во ЛШ и покажа 19 жолти картони.
Финалето на ЛШ ќе се игра на 1 јуни на „Вембли“ во Лондон.
Финалето во Лига Европа му е доделено на Истван Ковач од Романија.
Ребека Велш ќе го суди финалето во женската ЛШ помеѓу Барселона и Лион на „Сан Мамеш“ во Билбао на 25 мај.
Финалето во Купот на конференциите ќе го суди Артур Соареш Диас од Португалија.