Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Стефан Јевтовски си оди од унгарски Ујпешт. Одбранбениот фудбалер во 2021 година дојде во Ујпешт од редовите на Работнички, а унгарскиот клуб сега реши да се раздели со него и со уште четворица играчи.
Јевтовски освен за Работнички играше и за Арсенал од Киев, Вараждин, Локомотив Пловдив и Металург Скопје.