Нашата репрезентација до 16.години денеска во полуфиналето на турнирот “Миљан Миљаниќ“, кој се одржува во Стара Пазова (Србија), беше поразена и тоа на пенали од домашната селекција. Значи малку недостигаше да се пласираме во финалето.
Па така У-16 на Македонија во четврток ќе игра за третото место на овој престижен турнир за млади категории, на кој оваа година покрај Македонија и Србија настапуваат и соодветните селекциите на Црна Гора и Бугарија.