Халанд го “реши“ и Тотенхем, Сити сега е на милиметри до нова титула! (ВИДЕО)

324

Се чини дека вечерва се одлучи кој ќе биде шампион во Премиерлигата откако Манчестер Сити на гостувањето кај Тотенхем успеа да слави со 0:2, со двата гола на Халанд, и со тоа да освои три златни бода во пресрет на последното коло во недела.

Сега Сити има два бода повеќе од Арсенал и во последното коло дома игра со Вест Хем и му треба победа, додека “топчиите“ го дочекуваат Евертон и им треба “кикс“ на Сити, барем реми, за тие да бидат шампиони. Но тоа тешко ќе се случи и со тоа Пеп Гвардиола ќе испише историја, тоа че биде четврта титула по ред, никој досега го нема направено во Премиерлигата.

Инаку Халанд беше стрелец на двата гола во 51. и 91. минута, вториот од пенал. Инаку во 85.минута Сон имаше и повеќе од зицер, но на жалост на фановите на Арсенал, гостинскиот голман Ортега, кој влезе место повредениот Едерсон, успеа да одбрани. Претходно исто така во два наврати го спаси својот гол и тој секако дека е херојот на Сити.

ПретходноПродадени осум часовници на Шумахер за 4,41 милиони долари!
СледноНестор заврши со Асколи, ќе си бара нов клуб!