Иако пред извесно време не сакаше да чуе за понудите од С. Арабија, сепак се чини дека некои работи поврзани со Столе Димитриевски, еден од најдобрите голмани во Ла Лига и репрезентативец на Македонија, и тоа како се менуваат.
Денеска во Шпанија релевантните медиуми известуваат дека Македонецот се сели во С. Арабија и тоа за баснословна сума. Тој добил понуди од најмалку два клуба, а веќе на едната наводно кажал – ДА.
Секако дека останува да се види што и како по завршување на сезоната, ако се знае дека пред Столе се неколку опции, но сепак најголемите пари се во С. Арабија.