Уште еден сериозно квалитетен млад фудбалер од дијаспората се појавува како сериозна опција за нашите младински селекции, а зошто и да не за самата наша А репрезентација.
Во плејадата на играчи кои Македонија потенцијално има опција да ги приблече и да ги натера едноставно да го носат нејзиниот национален дрес е 16-годишниот член на Утрехт од Холандија, Мелих Јунузов.
Момчето кое игра на позицијата лево крило, (рак рана за нашите селекции од сите категории) настапува за генерацијата постари фудбалери во домашниот шампионат. Што е уште поважно за нас, Јунузов веќе има забележано пет настапи за У16 репрезентацијата на Холандија, и има постигнато еден гол.
Македонија мора веднаш да стапи во контакт со него и да проба да го привлече во своите редови, затоа што не секој ден имаме прилика да донесеме во националниот дрес момче кое активно настапува за една Холандија