Германскиот гигант Баерн Минхен од идната сезона сака да го има во тимот Бруно Фернандеш од Манчестер Јунајтед, пишува „Индепендент“. Минхенскиот клуб сака засилување во средниот ред со креативни способности, а Португалецот е одлична опција.
Фернандеш игра за Манчестер Јунајтед од 2020 година но клубот бележи пад и е вон конкуренција за трофеи. Понуда од Баерн може да го натера Бруно да размислува за трансфер во Минхен во тим кој се бори за трофеи.
Во 230 натпревари за Јунајтед, португалскиот играч има 79 голови и 64 асистенции.