Енрике за иднината на Мбапе: Денес врне дожд, сакам дожд, надвор мириса поинаку…

496

Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике одговори на прашање за иднината на Килијан Мбапе. Претходно, напаѓачот на ПСЖ во видео најави дека ќе го напушти парискиот клуб по крајот на сезоната. А Енрике, запрашан за тоа што мисли, одговори.

Денес врне дожд, но во исто време е и убав ден бидејќи воздухот мириса поинаку. Навистина ги сакам врнежливите денови, ме потсетуваат на мојот роден град Хихон. Мислам дека одлично одговорив на вашето прашање“, изјави тренерот на ПСЖ.

ПретходноВелес домаќин на женското финале во Купот на Македонија
СледноЧави: Противникот нѐ изненади!