Изречени казните: Пелистер ќе плати 84.000 денари, а за Гечевски суспензија

1657

Комесарот за натпреварување при КФСМ, Александар Милојевиќ, донесе одлуки за третиот меч од полуфиналната плејоф серија меѓу Пелистер и Работнички, за кој гостите од Скопје се жалеа за притисок врз судиите.

Нивната жалба воопшто не е земена во предвид поради неуплатена пропишана такса во предвидениот рок, а согласно судискиот и делегатскиот записник изречени се низа санкции.

На спротивната страна, Тодор Гечевски за инцидентот предизвикан во четвртата четвртина и исклучувањето заработи суспензија од два натпревари, па тој нема да може да седи на клупата на утрешниот дуел во Битола.

На тоа од КК Работнички излегоа со соопштение во кое го изразуваат револтот за ваквата одлука.

Кошаркарскиот клуб Работнички АД е згрозен од донесување на ваквата одлука кон КК Пелистер. Носењето на вакви мали казни за голем и сериозен прекршок од страна на КК Пелистер ,како домаќин, докажавте дека имате различни аршини за различни клубови..

Да ве потсетиме Комесаре за натпреварување за многу помал инцидент во оваа натпреварувачка сезона Вие донесовте одлука на празнење на салата и повторно одигрување на истиот тој натпревар.
Навистина не ни е јасно зошто ние,КК Работнички АД,ви сметаме???
Зошто ваков однос кон македонски клуб ,кој опстојува повеќе од 70 години и се вложува во афирмација на спортот но истовремено и во создавање на таленти?????
Комесаре Вашите одлуки се премногу конфузни и не тераат да размислиме дека сте страствени кон некои клубови,со еден збор сте подржувачи на одредени клубови.
Комесаре затоа упатуваме до Вас лично прашање :
– Дали веќе однапред го знаете победникот на ова домашно првенство ?
– Дали сѐ се одвива по Вашите лични пресметки ??
Донесувајќи ваква одлука со која покажувате нееднаков третман кон македонските кошаркарски клубови дали имате доблест да си дадете неотповликлива оставка во најбрз временски период???????“

ПретходноОдличен настап на нашите млади пингпонгари на Балканската лига
СледноПрвенства на Македонија во шах: За титулата кај мажите има повеќе кандидати, додека, пак, шахистките на ШК Алкалоид се издвоија во женска конкуренција