Лука Дончиќ промаши за изедначување, па за малку ќе се степаше (ВИДЕО)

1497

Кошаркарите на Далас Маверикс пропуштија многу добра можност да се доближат до финалето на Западната конференција во НБА лигата, бидејќи во четвртиот меч од серијата беа поразени од Оклахома. По едно од послабите изданија на Лука Дончиќ сезонава, гостите кои беа првопласираниот тим на Запад во лигата, успеаја да направат пресврт во последниот период, да забележат триумф (100:96) и да ја израмнат серијата на 2:2.

Словенечкиот кошаркар го заврши мечот со трипл-дабл, имаше 18 поени, 12 скока и 10 асистенции, но со многу слаб процент на шут. Тој погоди само четири од своите 11 обиди за два поени, додека шутираше 2/9 за тројки. Не беше целосно успешен ниту линијата за слободни фрлања, промаши две, од кои едното беше во самиот финиш на мечот, кога можеше да го изненади тимот од Тексас. Сето тоа, како и одличната игра на Оклахома на крајот од мечот, влијаеше на Лука, кој покажуваше знаци на нервоза на паркетот.

Во поголемиот дел од натпреварот најдобриот играч на Далас го чуваше Лу Дорт, а двајцата по еден дуел влегоа во клинч, по што кошаркарот на Оклахома заврши на паркетот. Дончиќ почна вербален конфликт, мораше да интервенира судијата и неколкумина кошаркари кои беа во близина. Погледнете ја таа сцена:

Шај Гилџус-Александер, најдобриот играч на тимот и стрелец со дури 34 поени, повторно ја предводеше Оклахома до победата. Зад него беа Холмгрен и Дорт со 18, односно 17 поени. На другата страна од теренот неочекувано најефикасен беше Пи Џеј Вашингтон со 21 постигнати поени, Кајри Ирвинг потфрли и застана на само девет поени.

Бостон се најде на чекор до финалето, откако го совлада Кливленд со 109-102 и поведе со 3-1 во серијата.

ПретходноБарселона со победа се проби на второто место
СледноМбапе испрати порака до првиот човек на ПСЖ по жестоката расправија