Се чини дека вечерва се одлучи кој ќе биде шампион во Премиерлигата откако Манчестер Сити на гостувањето кај Тотенхем успеа да слави со 0:2, со двата гола на Халанд, и со тоа да освои три златни бода во пресрет на последното коло во недела.
Сега Сити има два бода повеќе од Арсенал и во последното коло дома игра со Вест Хем и му треба победа, додека “топчиите“ го дочекуваат Евертон и им треба “кикс“ на Сити, барем реми, за тие да бидат шампиони. Но тоа тешко ќе се случи и со тоа Пеп Гвардиола ќе испише историја, тоа че биде четврта титула по ред, никој досега го нема направено во Премиерлигата.
Инаку Халанд беше стрелец на двата гола во 51. и 91. минута, вториот од пенал. Инаку во 85.минута Сон имаше и повеќе од зицер, но на жалост на фановите на Арсенал, гостинскиот голман Ортега, кој влезе место повредениот Едерсон, успеа да одбрани. Претходно исто така во два наврати го спаси својот гол и тој секако дека е херојот на Сити.