Шпанците тврдат: Столе прави трансфер во С. Арабија за баснословна сума!

9693

Иако пред извесно време не сакаше да чуе за понудите од С. Арабија, сепак се чини дека некои работи поврзани со Столе Димитриевски, еден од најдобрите голмани во Ла Лига и репрезентативец на Македонија, и тоа како се менуваат.

Денеска во Шпанија релевантните медиуми известуваат дека Македонецот се сели во С. Арабија и тоа за баснословна сума. Тој добил понуди од најмалку два клуба, а веќе на едната наводно кажал – ДА.

Секако дека останува да се види што и како по завршување на сезоната, ако се знае дека пред Столе се неколку опции, но сепак најголемите пари се во С. Арабија.

ПретходноОва се можните ривали на Струга ТЛ во 1.квалификациско коло во ЛШ!
СледноСензационално: Алжир се сели во Фудбалската Конфедерација на Азија?!