Манчестер Ј., конечно, победи, Челзи со триумф за место во Европа (ВИДЕО)

457

Манчестер Ј. по тримеча пост во Премиер лигата, конечно и се израдува на 17-тата сезонска победа. Во претпоследната рунда од Премиер лигата, „црвените ѓаволи“ на домашен терен славеа над Њукасл со 3:2 и се израмнија по бројот на бодови со својот вечерашен ривал, сега на делба на 7. место.

Јунајтед беше подобар тим вос ите сегменти вечерва и сосема заслужено славеше со головите на Маино, Диало и Хојлунд. Погодоците на Њукасл беа дело на Гордон и Хал.

На коло пред крајот на сезоната и Челзи дојде до голема победа на гостувањето кај Брајтон од 1:2. Момците на Покетино со овие три бода остануваат на 6. место на табелата и во последното коло сами ќе решаваат околу пласманот во европските купови следната сезона.

Победата на Челзи ја донесоа Палмер и Нкунку, додека Брајтон го ублажи поразот во судиското продолжение со голот на Велбек.

ПретходноДобра вест за Сити: Де Бруине ќе игра против Вест Хем
СледноЈуве по 15-ти пат го освои Купот на Италија, Гасперини повторно без трофеј (ВИДЕО)