Милнер и Велбек ги продолжија договорите со Брајтон

116

Англискиот премиерлигаш Брајтон објави дека ги продолжил договорите со искусните фудбалери Џејмс Милнер и Дани Велбек. Играчот од средниот ред Милнер ставил потпис на едногодишен договор, додека напаѓачот Велбек потпишал двегодишен договор.
Милнер дојде во Брајтон минатата година после осум години поминати во Ливерпул, додека Велбек дојде во 2020 година од Ватфорд, а претходно играше за Арсенал и Манчестер Јунајтед.

ПретходноАсистентот на Клоп седна на клупата на клубот со 11 едноподруго учества во ЛШ
СледноКога сите ги отпишаа, тие направија неверојатен кам-бек и се спасија од испаѓање