Победата на Манчестер Сити над Тотенхем значеше и официјален пласман на Астон Вила во Лигата на Шампионите. Секако дека ова беше повод за големо славје за сите во клубот од Бирмингем, посебно беше радосен голманот Мартинез и тренерот Унаи Емери. Сето тоа беше прославено со шампањаско, а во еден момент арентинскиот голман просто го “избања“ својот тренер.
Инаку Астон Вила имаше одлична сезона, реално и заслужи да се најде во друштво на најдобрите клубови во Европа.
🍾🍾🍾🍾🍾🍾🍾🍾🍾🍾 pic.twitter.com/br40FviYYy
— Aston Villa (@AVFCOfficial) May 14, 2024