По соопштението на РК Вардар се огласи и РК Алкалоид, тоа се двата клуба кои терминот на РФМ требаше полуфиналето од завршницата во Купот да го играат во чеврток. Во својата реакција, исто така во манир на голем клуб пред кого е светла перспектива и РК Алкалоид нема ништо против да игра во петок против Вардар а не во черврток.
Во продолжение можете да го прочитате соопштението на РК Алкалоид во целост:
РК Алкалоид е согласен за промена на терминот за одигрување на полуфиналето од Купот на Македонија со РК Вардар 1961, дуел што е закажан за четврток, 16 мај.
Од основањето на клубот, како важен принцип во работата, РК Алкалоид ги има одржувањето на спортската култура на високо ниво и зачувувањето на спортските релации и односи со сите клубови и со Ракометната федерација.
За нас како колектив што се залага за промовирање на позитивните страни на спортот број еден во државата учеството на завршницата на турнирот е од големо значење. Витештвото на теренот е тоа што треба да ги гради односите меѓу клубовите, а ние сме подготвени, во име на спортот, да подадеме рака, да го одиграме натпреварот во терминот што ќе биде дополнително одреден и да се фокусираме исклучиво на натпреварувачкиот момент.