Азар се пензионира во октомври, а Челзи уште заработува од неговиот трансфер во Реал

436

Еден Азар во октомври минатата година се повлече од фудбалот но и покрај тоа Белгиецот му донесе заработувачка на својот поранешен клуб Челзи од пет милиони евра, пишува британски „Телеграф“.
Иако Азар се пензионираше минатата година, за оваа сезона остана важечкиот договор од трансферот на овој играч меѓу Челзи и Реал Мадрид.
Во договорот имало клаузула за бонус од пет милиони евра кои Реал треба да ги исплати на Челзи ако оваа сезона стигне до финалето на Лигата на шампионите. Тоа и се случи, па кралскиот клуб ќе треба да им плати на „сините“.
Инаку Азар од Челзи отиде во Реал летото 2019 година за 115 милиони евра. А тој во Реал се покажа како големо промашување затоа што имаше проблеми со повреди, а во текот на четири години колку што беше на „Бернабеу“ одигра 76 натпревари постигна седум голови и запиша 12 асистенции.

ПретходноМбапе во Реал е “стара“ вест, во јуни 2025 ќе има “мега – бомби“ во Мадрид!
СледноФЛЕКС КРЕДИТ и СОС ДЕТСКО СЕЛО заедно за Денот на семејството