Добра вест за Сити: Де Бруине ќе игра против Вест Хем

86

Фудбалерот на Манчестер Сити, Кевин де Бруине, изјави дека не е сериозно повреден и дека се чувствува добро, во пресрет на последниот натпревар во Премиер лигата против Вест Хем, во кој неговиот тим може да ја одбрани шампионската титула.

Сити го победи Тотенхем со 2-0 во Лондон во вторникот вечерта, а Де Бруине го напушти теренот во второто полувреме.

„Мислам дека сум добро. Областа околу Ахиловата тетива е отечена. Почувствував како прободување, но не е толку лошо, ќе бидам добро“, изјави Де Бруине денеска.

ПретходноЦ. Звезда и вторпат подобра во АБА финалето против Партизан
СледноМанчестер Ј., конечно, победи, Челзи со триумф за место во Европа (ВИДЕО)