Ова по малку делува и како сага. Лука Модриќ сака да остане во Реал и покрај возраста, подготвен е и на намалување на платата, едноставно не му се оди надвор од Мадрид.
Јасно е дека Флорентино Перез има свои планови. Од друга страна фановите на Реал посакуваат Хрватот да остане, а дали тоа ќе се случи свое видување имаше тренерот на “кралевите“ Карло Анчелоти на прес конференцијата веднаш по мечот со Алавес кој Реал го доби со 5:0.
“Модриќ си кажа, тој сака да остане. Сега Реал треба да каже на тоа дали Лука останува. За тоа ќе се решава веднаш по финалето во Лигата на Шампионите, а тоа е на 1 јуни“.