На 6 јуни Премиерлигашите ќе гласаат за укинување на ВАР следната сезона?!

201

Клубовите од англиската Премиер лига ќе одржат гласање за укинување на ВАР-системот на сите натпревари од следната сезона. Состанокот е закажан на 6 јуни.

Резултат на ваквата иницијатива се серијата контроверзни случаи кои поттикнаа критики за ВАР и наведоа некои тимови и навивачи да го доведат во прашање интегритетот на натпреварувањето.

Вулверхемптон е клубот кој официјално поднесе резолуција до Премиер лигата со која се повикува укинување на ВАР ова лето, а предлогот ќе биде ставен на маса пред премиерлигашите. Официјални поплаки имаше и од Нотингем Форест поради недосудени пенали, како и од неколку други клубови и тренери.

Од Премиер лигата сооптија дека клубовите имаат право да даваат предлози, но лигата ја поддржува употребата на ВАР.

За да се усвои промена во правилата на Премиер лигата, потребно е дво-третинско мнозинство од сите учесници на натпреварувањето, поточно 14 од 20 претставници на клубовите од англиската Премиер лига да гласаат „ЗА“.

ПретходноШампионките тргнаа со победа во одбрана на титулата
СледноПелистер е во финале, Работнички не успеа да се избори за „мајсторка“