Одбојкарите посакуваат полна сала: Билетите за дуелите со Естонија и Чешка по 100 денари!

515

Влезниците за првите два натпревари на нашата одбојкарска репрезентација во новото издание на Европската Златна лига 2024 ќе чинат 100 денари, потврдија денеска од Одбојкарската федерација.

Македонија во петок од 20.15 часот ќе го одигра првиот меч како домаќин на воведниот турнир и тоа против репрезентацијата на Естонија, додека в недела во истиот термин ќе се сретнеме и со селекцијата на Чешка. И двата меча ќе се одиграат во салата “Парк” во Струмица.

Цената на билетите е популарна и од ОФМ и нашата репрезентација се надеваат дека трибините ќе бидат пополнети во голем број. Струмичката публика е голем познавач на одбојката и треба на овие први два меча да и даде голема поддршка на оваа нова селекција предводена од новиот кормилар Наковски. Одбојкарите и стручниот штаб очекуваат громогласна поддршка од трибините уште на првиот меч в петок во обид да ги почнеме настапите во Златната лига со победа и први бодови.

Билетите ќе се продаваат пред салата “Парк” на денот на одигрување на натпреварите во петок и недела.

ПретходноКога сите ги отпишаа, тие направија неверојатен кам-бек и се спасија од испаѓање
Следно„Ние сме Македонци, заедно сме најсилни“ (ВИДЕО)