Пелистер е во финале, Работнички не успеа да се избори за „мајсторка“

185

Со трета победа во четвртиот полуфинален меч, кошаркарите на Пелистер го потврдија своето место во финалето на плеј-офот во домашното кошаркарско првенство. Во четвртиот дуел од полуфиналето, Пелистер вечерва на домашен терен славеше против Работнички со 88:80 и со конечни 3-1 успеа да се пласира во финалето каде за противник ќе го има шампионот МЗТ Скопје А.

Битолчани отворија силно уште во првиот период кога успеаја да направат разлика од 9 поени (29:20). Работнички успеа за момент да ги консолидира редовите во вториоте 10 минути, но Пелистер успеа да ја зголеми предноста и на 11 поени со која замина на пауза (48:37).

Во вториот дел Работнички тргна подобро. Во третата четвртина момците на Горан Самрџиев успеаја да ја намалат разликата на Пелистер, но се чини тоа беше се што успеаја да направат, затоа што во завршните десетина минути, Пелистер успеа да ја одржи контролата на играта и на крајот дојде до посакуваната трета победа за финале.

Планиниќ со 23 и Маслико со 20 поени го предводеа Пелистер до победата. Кај Работнички најефикасен беше Декози со 18 поени, колку што постигна и Рикиќ.

ПретходноНа 6 јуни Премиерлигашите ќе гласаат за укинување на ВАР следната сезона?!
СледноПресврт: Директорите на Баерн почнале преговори со Тухел за да остане и следната сезона