Тоа само Никола Јокиќ го може. Од 0:2 ја донесе серијата во полуфиналето на западот до 3:2 за Денвер против Минесота. Каков фантастичен настап на Србинот и победа со 112:97.
Сепак прво Јокиќ го прими трофејот за МВП, инаку трет во кариерата а тоа како да даде дополнителна сила за да дојде до 40 поени, 13 асистенции и 5 скокови.
Сите кои помислија дека шампионот Денвер е готов во тие 0:2 во серијата, дека Едвардс демек бил наследникот на Џордан, сето тоа паѓа во вода.
Јокиќ е еден и единствен.
Инаку во петтиот полуфинален меч на истокот меу Њујорк и Индијана, Брансон со 44 поени повторно воодушеви и им донесе победа на Никси од 121:91 за водство во серијата од 3:2.
NIKOLA JOKIĆ MASTERCLASS pic.twitter.com/Ey7SJI3tkj
— Matt Brooks (@MattBrooksNBA) May 15, 2024
3x #KiaMVP 🏆🏆🏆
Jokic receives the Michael Jordan Trophy in #PhantomCam! https://t.co/5Ge1raLn1p pic.twitter.com/GFpvh5YcqA
— NBA (@NBA) May 15, 2024