Рајо и Столе победија и математички останаа во Ла Лига

483

Нашиот репрезентативен голман Столе Димитриевски и неговиот тим Рајо Ваљекано и математички го обезбедија опстанокот во Ла Лига, откако вечерва во меч од 36. коло слвеа со 2:1 на домашен терен против екпата на Гранада.

Веќе„ отпишаната“ Гранада не успеа да му ги замрси сметките на Рајо, кој пред своја публика поведе со 2:0, а во финишот гостите само го ублажија поразот. Головите за победа на домашните ги постигнаа Лежуен во 23′ и Де Фрутос во 80′. Димитриевски го одигра комплетниот меч за домашните.

На две кола пред крајот, Рајо има математички 6 бода против последниот тим од „црвената зона“ на табелата, екипата на Кадиз и со тоа го потврди статисот на прволигаш и идната сезона.

 

ПретходноШахтјор го освои Купот на Украина и го помина Динамо (К) по бројот на титули
СледноЦ. Звезда и вторпат подобра во АБА финалето против Партизан