Во првиот натпревар од финалето на хрватскиот фудбалски куп, Динамо и Риека одиграа 0-0 на стадионот „Максимир“.
Драмата околу новиот освојувач на Купот сега се сели на „Рујевица“ во Риека, каде што ќе се игра реваншот следната среда.
На денешниот дуел имаше неколку шанси за гол, но ниту домашните, ниту гостите не сакаа премногу да се отворат. Ристовски беше стартер за Динамо, додека Адеми влезе во второто полувреме.