Томовски се сели во Потсдам, трансферот е потврден!

224

И дефинитивно и официјално, голманот на Вардар и нашата репрезентација Мартин Томовски во следната сезона ќе настапува во најсилната лига во светот, во Бундеслигата. Тој веќе има договор со тимот на Потсдам, а денеска официјално овој трансфер го потврдија и Германците.

Договорот е со важност од една година.

Со нетрпение очекувам да заиграм за Постдам и по втор пат во најсилната лига во светот. Поискусен, постар и подобар од првиот пат во Германија. Задоволство е да се биде дел од Постдам, тим составен од млади и квалитетни ракометари. Можам да ветам дека ќе дадам сè од себе да ги оствариме сите амбиции и цели заедно со тимот“, изјави Томовски за клупскиот сајт.

ПретходноРК Алкалоид: Согласни сме да играме во петок!
СледноНеизвесноста продолжува: ИМ Панчевски се приклучи кон водечката група