Кошаркарите на Црвена звезда го победија Партизан со 80:73 во вториот натпревар од финалето на АБА лигата и поведоа со 2:0 во финалната серија на регионалната лига.
Избраниците на Јанис Сферопулос го одбранија домашниот терен, а финалната серија сега се сели во „Белградска Арена“ каде Партизан ќе се обиде на ист начин да возврати.
Феноменалниот Немања Недовиќ ја предводеше Ц. Звезда до победата, а одлични беа и Боломбој и Треј Томпкинс, кои постигнаа важни поени во клучните моменти.
Недовиќ постигна 21 поен, сите во првите 20 минути, а 10 даде Џоел Боломој. Кај Партизан се истакна Џејлин Смит со 12 поени.