Куп на Македонија: Пелистер и Тиквеш ќе играат во четврток

689

Откако Пелистер и официјално се пожали дека не му одговара да ја игра полуфиналната пресметка против Тиквеш во рамките на Купот на Македонија, како и наведе несфатливи примедби, заобиколувајќи ја добрата намера на РФМ околу женскиот Куп на Македонија, денеска Вардар 1961 и Алкалоид набрзина, без двоумење се договорија наместо во четврток да играат во петок. На оваа нивна одлука се согласи и ГРК Тиквеш, па натпреварувачката комисија при РФМ ги објави промените.

„Натпреварувачката комисија при РФМ постапувајќи по доставените дописи од страна на РК Вардар 1961 и РК Алкалоид се согласија до го отстапат предвидениот термин четврток за одигрување на полуфиналниот натпревар од Ракометниот Куп на Македонија 2024, на инсистирање на РК Е. Пелистер. Допис за промена на терминот има доставено и од ГРК Тиквеш 2014.
Термини за одигрување на полуфиналните натпревари во рамки на ракометниот Куп на Македонија 2024:
Натпревар : РК Еурофарм Пелистер – ГРК Тиквеш 2014
Ден и час : четврток (16.05.2024 г.) со почеток во 19.30 часот.
Натпревар : РК Вардар 1961 – РК Алкалоид
Ден и час : петок (17.05.2024 г.) со почеток во 19.30 часот.
Финален натпревар : Недела (19.05.2024 г.) со почеток во 19.00 часот.
Спортското витештво се демонстрира на терен, а се гради вон терен, нека победи подобриот“, се вели во соопштението, 
ПретходноНеизвесноста продолжува: ИМ Панчевски се приклучи кон водечката група
СледноБитола на нозе: Пелистер уште денеска може да завери финале, Работнички на сериозен тест!