Англискиот премиерлигаш Брајтон објави дека ги продолжил договорите со искусните фудбалери Џејмс Милнер и Дани Велбек. Играчот од средниот ред Милнер ставил потпис на едногодишен договор, додека напаѓачот Велбек потпишал двегодишен договор.
Милнер дојде во Брајтон минатата година после осум години поминати во Ливерпул, додека Велбек дојде во 2020 година од Ватфорд, а претходно играше за Арсенал и Манчестер Јунајтед.