Раководството на Баерн откако не успеа да обезбеди ниту едно достојно име за наследник на Томас Тухел, сега ретерираше и сака да го задржи Тухел како главен тренер на тимот и следната сезона.
Германските медиуми денеска објавија дека под притисок на голем број на фудбалери меѓу кои и Милер, Кејн и Нојер, спортските директори на клубот Макс Еберл и Кристоф Фројнд го смениле ставот и сега се согласни за задржување на германскиот стручњак. Тие се подготвени за суштински преговори со него и неговиот агент за понатамошна соработка.
Самиот Тухел е подготвен да остане и веќе информирал некои играчи за овој негов став.