Кошаркарките на Баскет Кам победија во првиот меч од финалната серија во домашото првенство. На домашен терен, Баскет Кам 2011 го победи Вардар со резултат 65:59 и поведе со 1:0 во серијата до три победи.
Предноста од првата четвртина во која екипата од Македонска Каменица поведе со (26:17), се покажа како доволна за првиот поен во серијата која ќе го даде шампионот. Првото полувреме домашната екипа во која недостасуваа две важни кошаркарки, како Адамовска и Николов, го решија во своја корист, со резултат (38:30).
Во подолжението од мечот, „вардарки“ постојано го напаѓаа водството, не не успеаја да направат резултатски пресврт, па својата шанса за „брејк“ ќе ја побараат за некој ден, на истото место во вториот финален меч.
Зубац со 20 поени и Димова со 18 беа најефикасни во победничкиот тим. Во гостинската екипа, Димитријевиќ и Матие имаа по 14 поени.